Мирана е друштво со ограничена одговорност, во приватна сопственост.
На почетокот од своето работење започнува со производство на наменски и маргарини за широка потрошувачка. За да понатаму ја прошири и збогати својата палета на производи со кечап, мајонез, преливи, сенф, оцет и др. Денес се произведуваат повеќе од седумдесет производи од кои што дел се и со бренд на неколку деловни партнери
За полесно остварување на нашите основни заложби во иднина, од кои што пред се е производството на квалитетни и безбедни производи, менаџерскиот тим на МИРАНА донесе политика за квалитет и политика за безбедност на производите. Во нив се наведени принципите на кои ќе се придржуваме се со цел остварување на нашата основна цел
МИРАНА е увозник на палмини масти, кои покрај тоа што ги користиме во сопственото производство ги дистрибуираме и до останати производители на пекарски и кондиторски производи.